Олег Тактаров и Џеф Монсон лице в лице пред борбата (ВИДЕО)

ММА ветераните Олег Тактаров и Џеф Монсон се соочија пред нивната борба.

Тие ќе се борат на 18 август во Русија. Борбата ќе биде во 3 рунди по 2 минути и ќе се одвива под закрила на ТВ Рен Фајт клуб. И двајцата не се цутот на младоста, но сепак ќе си ги одмерат силите. Џеф има 52 години, а Олег 55 години.

Последната борба Тактаров ја водеше во 2008 година. Русинот тогаш победи со завршница над Марк Кер за 1 минута и 55 секунди. Олег има скор 17-5-2 во ММА и има само 2 победи со нокаут.

Монсон има скор од 61–26–2 во ММА, 2-1-1 во бокс и 0-1 во борби со голи раце. Џеф се бореше двапати минатата година. Загуби во борба со голи раце од Александар Емелијаненко, а потоа во ММА борба од Вјачеслав Дацик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО