Џорџ Форман истакнува дека тој млад нокаутер е иден шампион во тешка категорија

Повеќекратниот боксерски шампион во тешка категорија Џорџ Форман е убеден дека постои борец кој би можел да го следи неговиот пат до тронот во кралската дивизија.

Форман изгради репутација на моќен удар за време на неговото искачување на врвот во тешка категорија во 1970-тите, а изгледаше непобедливо во неговите први четириесет борби.

Во тие први четириесет борби Големиот Џорџ победи 37 од нив со нокаут, а 32 меча завршиле во првите три рунди.

Стана шампион во 1973 година победувајќи го Џо Фрејзиер со TKO во втората рунда и изгледаше како да може да стане најголемиот тешкаш на сите времиња, но не успеа во својата трета одбрана на титулата.

Загуби од Мухамед Али во нивниот познат меч „Rumble in the Jungle“.

Во 1987 година Форман се врати по десетгодишно пензионирање, а во 1994 година, на 45-годишна возраст, го победи Мајкл Мурер и по вторпат го освои шампионатот во тешка категорија.

Дваесет години по неговото прво владеење, тој стана најстариот боксерски шампион во историјата и многумина веруваат дека тој рекорд никогаш нема да биде соборен.

Неодамна на социјалните мрежи Биг Џорџ изјави дека 23-годишниот Џаред Андерсон ги има сите квалитети еден ден да стане светски шампион во тешка категорија.

Непоразениот Американец во професионалната кариера има 15 победи, од кои до 14 стигна со нокаут, во 12 меча оствари победа со нокаут во првите три рунди.

Неговиот последен меч беше во јули, кога со одлука го победи сонародникот Чарлс Мартин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО