Поранешниот ВБА, ВБЦ и ИБФ шампион во крузер категоријата О’Нил Бел беше убиен во Атланта.
40-годишниот Американец е застрелан и убиен во текот на грабеж во средата наутро.
Според очевидци, Бел се симнал од автобусот заедно со уште еден човек што не го знаел, а пред нив застанал автомобил со двајца мажи. Бел е погоден со куршум од пиштол и избоден со нож. Другиот маж е во критична состојба.
Бел се повлече од рингот во декември 2011 година, со сооднос на 27-4-1, 25 КО. Тој е роден во Јамајка во декември 1974 година. Станал професионалец во 1998 година и се бореле под прекарите „Give ‘Em Hell“ i „Supernova“. Во 2005 година го освои ИБФ појасот победувајќи го во леснотешка категорија Дејл Браун. Една година подоцна со нокаут против Жан-Марк Мормек ги додаде и ВБЦ и ВБА титулите. Го загуби со пораз на поени во возвратниот меч со Мормек, додека ИБФ му го одзеде појасот поради избегнување на борба со задолжителниот предизвикувач Стив Канингхем.