Кличко и Фјури ги одработија отворените тренинзи на аеродром (ВИДЕО)

Fury trening-crop

Во саботата 28 ноември во Дизелдорф ќе се одржи мечот за титулата во тешка категорија меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури. Во пресрет на средбата овој двоец на аеродромот во Дизелдорф одработи отворени тренинзи.

Владимир Кличко во саботата 28 ноември ја има 28 одбрана на титулата светски шампион и со тоа ќе стане рекордер меѓу тешкашите. Зад него ќе останат великаните како Џо Луис, кој има 27 одбрани, Лери Холмс (26) и Мухамед Али (25). Тоа ќе биде Кличко и 19 пат по ред ја брани титулата, а овој пат го очекува непоразениот Тајсон Фјури (24-0, 18 КО).

Двајцата боксери ги одработија отворените тренинзи. Кличко спарингуваше со Џонатан Бенкс, а Фјури со чичко му Петар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО