Убиен братот на Хулио Цезар Чавез

Братот на легендарниот мексикански боксер Хулио Цезар Чавез – е застрелан во Кулијакан (Мексико). Рафаел Чавез е нападнат од двајца мажи. Едниот од нив бил вооружен. Тие влегле во домот на жртвата и побарале пари. Тој им дал одредена сума, која не ги задоволила. Рафаел Чавез одбил да даде уште, по што е застрелан пред неговото семејство.

„Полицијата уште не е осомничи никого. Јас имам некои сомневања, но нема да ги кажам, за да не ги предупредам. Сите Мексиканци треба да се обединиме против овие убиства, бидејќи изгледа во нашата земја нема влада“, изјави Хулио Цезар Чавез .

За првите пет месеци од 2017 година во Мексико се регистрирани 9.916 убиства, што е за 30 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.

https://youtu.be/IHbgFtdDJpY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО