Турман во тежок повратнички меч ја одбрани ВБА титулата (ВИДЕО)

Кит Турман (29-0-1 НЦ, 22 КО) се врати во рингот во Њујорк по речиси две години пауза.

30-годишниот Американец во тежок меч ја одбрани титулата на ВБА во велтер категорија со мнозинска одлука на судиите против четири годишни постариот сонародник Хосесито Лопез (36-8-1НЦ, 19 КО).

Турман беше фаворит кај букмејкерите и до 50-1 и се чинеше дека ги потврди таквите предвидувања.

Го соборуваше Лопез веќе во втората рунда, но овој се опорави и за време на седмата рунда го донесе шампионот до сериозни проблеми. Турман успеа да ја врати контролата на мечот во продолжение.

https://www.facebook.com/premierboxingchampions/videos/466658360538332/

https://www.youtube.com/watch?v=BSBlMQigS4g

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО