Ковнацки со леснотија го нокаутира Џералд Вашингтон (ВИДЕО)

Непоразениот полски тешкаш Адам Ковнацки (19-0, 15 КО) постигна уште една значајна победа.

Откако во 2017 година го нокаутира сонародникот Артур Шпилка, 29-годишниот Полјак кој живее во Њујорк во септември минатата година на поени го победи поранешниот светски шампион Чарлс Мартин.

Ковнацки новата голема победа ја оставри пред многу фанови токму во Њујорк. Во Бруклин во воведниот дел нанастанот Турман – Лопез во втората рунда го нокаутира поранешниот фаворит за титулата во тешка категорија Џералд Вашингтон (19-3-1, 12 КО).

Ковнацки 36-годишниот Американец го разниша уште во првата рунда. Вашингтон по триесетина секунди во втората рунда заврши на подот. Доби и подолго време за да ја продолжи борбата, но Ковнацки не му даде шанса да се опорави и судијата брзо го прекина мечот.

На Вашингтон ова му е трет пораз во последните четири натпревари. Во февруари 2017 година загуби со нокаут во петата рунда од Вајлдер, а пет месеци подоцна е поразен со прекин од Џарел Милер.

Полјак по мечот му испрати порака на Дионтеј Вајлдер, кој беше во публиката, дека го сака неговиот појас. На настанот боксираше и помладиот брат на Дионтеј, Марселос, кој го доживеа својот прв пораз во кариерата.

https://www.youtube.com/watch?v=JJEcydYPIig

https://www.facebook.com/premierboxingchampions/videos/1289242877883149/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО