Цимев, Муаремовски и Јаниќ се бореа на Тосан фајт најт во Виена

Неколку македонски борци, а и од соседна Србија, синоќа настапија на Тосан фајт најт во Виена, Австрија. Душан Цимев се бореше со Карим Мабрук, Денис Муаремовски со Џан Акјар и Вукашин Јаниќ со Грегор Ракуски во К-1, за жал сите загубија.

Нашите борци изгубиле од познати имиња, инаку тие се членови на Пелистер од Битола, Горила – Скопје и Кнез Лазар од Бујановац-Србија.

Турнирот го организираше живата легенда на кикбоксот Фоад Садеги. На овој настан настапи и светскиот шампион на ВКУ во К-1 Бесник Лимани од Зајас кај Кичево.

Оваа екипа ја предводеше Урим Саити првиот човек на Ускана маршал артс академијата од Кичево. Саити вели дека овие борби се реализирале благодарние на 9-годишната работа и контакти во Европа и пошироко, затоа во полседно време почнале да го бараат од секаде. Тој истакнува дека Ускана маршал артс академијата Кичево врши услуга на менџер, промотер и мечмејкер.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО