Црните појаси паѓаа пред обоените на Хва ранг ИТФ на „Босна опен 2018“ (ВИДЕО)

Теквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец – Охрид постигна забележителен резултат на Меѓународниот турнир од А-клса „Босна опен 2018“ во Добој – Босна и Херцеговина, освојувајќи 13 медали во форми и борби поединечно – 6 златни, 4 сребрени и 3 бронзени.

Освојувачи на медали се:
Елена Јанеска
–злато борби -50 кг кадетки 11-13 години
–злато форми жолт појас кадетки 11-13 години

Антонио Јанески
–злато борби -60 кг јуниори  14-15 години
–сребро форми зелен појас јуниори  14-15 години

Стефан Каланоски
–сребро борби -57кг јуниори  16-17 години
–злато форми зелен појас јуниори  16-17 години

Божидар Димитриевиќ
–сребро борби  + 65 кг јуниори  14-15 години
–сребро форми плав  појас јуниори  14-15 години

Јане Димов
–бронза борби + 75 кг јуниори  16-17 години
–злато форми зелен појас јуниори  16-17 години

Марио Крстески
–злато борби -45 кг кадети 11-13 години

Давид Крстески
–бронза борби -40 кг кадети 11-13 години

Филип Трифуноски
–бронза борби +60 кг кадети 11-13 години

На турнирот учествуваа околу 350 натпреварувачи од 28 клуба од 7 земји во регионов, Србија, БиХ, Словенија, Хрватска, Словачка, Аустрија и Македонија.

„Може да се пофалиме дека сите наптреварувачи се закитија со медали од кои само тројца не се закитија со по 2 медали. Нашите натпреварувачи блеснаа во најубаво светло, при што прикажаа извонредна техника,  борбеност  и шампионски дух, со што добија најголеми пофалби од сите тренери кои беа присутни на овај турнир. Можеме да се пофалиме дека некои наши натпреварувачи во полуфиналните и финалните борби се сретнаа со црни појаси и со репрезентативци на други држави кои имаат учествувано на европски и светски првенства, но тоа не беше никаква препрека за нашите херои, кои  без проблем и атрактивно ги поразија нивните  противници, притоа Мари Крстески, Антонио Јанески и Стефан Каланоски докажаа дека квалитетот на нашата школа е врвен, а воедно се потенцијални репрезентативци на Македонија. Исто така, за пофалба е и Елена Јанеска која се закити со 2 златни медали, а требаше да земе и пехар за најдобра кадетка, но пристрасноста беше појака кај судиите.  Божидар Димитриевиќ повторно се враќа во елемент кој е во повозрасна  категорија, но тоа не му сметаше да го одработи мајсторски овај турнир . Имавме и една од ретките прилики да се вратиме со најмногу златни а најмалку бронзени медали, што многу ретко се случува. Од овај престижен турнир се вративме со 6 златни медали, 4 сребрени и 3 бронзени, вкупно 13“, истакна тренерот Марјанчо Лазаревски.

https://www.facebook.com/marjancho.lazarevski/videos/10217358004451855/

Ipon.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО