Тројца боксери ќе ги бранат боите на Македонија на Балканското првенство во Турција

Тројца боксери ќе претставуваат Македонија на Балканското првенство во бокс во Анатлија, Турција, од 10 до 15 декември.

За Македонија ќе настапат Јасин Лама (69 кг), Гоце Јанески (75 кг) и Арсим Етеми (81 кг).

Новина е што Јанески се враќа во рингот по повредата на раката, но и во старата категорија до 75 килограми во која речиси беше непобедливо во Регионланата боксерска лига.

Репрезентацијата ќе ја води тренерот Скендер Јахиу. Претходно нашите репрезентативци се подготвуваа во Охрид.

Се очекува добар настап и успех на Балканското во Турција.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО