АктуелноДруги вештиниТаеквондо
Три сребра за таековондистите на Петровец во Белград!
Таеквондистите на „Петровец“ се враќаат со три сребрени медали од Меѓународниот таеквондо турнир во Белград, Србија, „Лола опен 2015“.
Никола Допевски е втор во конкуренција на пионери (9-11 години) во категоријата А-33 кг, како и кадетите Дамјан Сандев (Б-49) и Ива Сандева (Б-41).
На турнирот настапија 142 натпреварувачи од четири земји од 24 клуба.
ipon.mk/В.Д.




