
Македонија настапува со тројца кикбоксери на на Светскиот куп „Турција“ во Анталија, притоа се освоени три медали по еден златен и бронзен, а третиот може да биде второ злато.
Утре сениорот Петре Велков во категоријата до 67 килограми во лоу кик се бори во финапето со Арслан Онурџан од Турција.
Туркер Исмаил освои злато во кик лајт во јунуорска конкуренција до 63 килограми, про што во 4 борби извојува 4 победи, сите 3-0. Во финалето извојува победа против кикбосер од Гватемала со 3-0 и го освои првото место во конкуренција од 16 натпреварувачи.
Милош Јорданоски, исто така во кик лјат, за постари кадети во категоријата над 69 кг забележа две победи со 3-0, а загуби во полуфиналето и го освои третото место во конкуренција од 16 натпреварувачи.
Елена Костадиновска е судија на Светскиот куп.
На Светскиот куп учествуваат 2353 кикбоксери со 2979 натпреварувачки велзови од 43 држави.
Светски куп „Турција“:
Кик лоу
-67 кг сениори
Петре Велков – Тосун Огузхан (Турција) 3-0
Петре Велков – Виктор Борозан (Црна Гора) 3-0
Финале
Петре Велков – Арслан Онурџан (Турција)
Кик лајт
+69 кг постари кадети
Милош Јорданоски – Коскун Аталај Атеш (Турција) 3-0
Милош Јорданоски – Ташкин Сулјеман (Турција) 3-0
Полуфинале
Милош Јорданоски – Мбариз Самадов (Азербејџан) 0-3
-63 кг јуниори
Туркер Исмаил – Енес Думан (Турција) 3-0
Туркер Исмаил – Самет Генц (Турција) 3-0
Туркер Исмаил – Ерен Илик Ахмет (Турција) 3-0
Финале
Туркер Исмаил – Едуардо Ривера (Гватемала) 3-0



