
Кик бокс клубот Шампион од Светскиот куп „Турција“ во Анталија, се враќа со злато и бронза.
Туркер Исмаил освои злато во кик лајт во јунуорска конкуренција до 63 килограми, про што во 4 борби извојува 4 победи, сите 3-0. Во финалето извојува победа против кикбосер од Гватемала со 3-0 и го освои првото место во конкуренција од 16 натпреварувачи.

Милош Јорданоски, исто така во кик лјат, за постари кадети во категоријата над 69 кг забележа две победи со 3-0, а загуби во полуфиналето и го освои третото место во конкуренција од 16 натпреварувачи.
На Светскиот куп учествуваат 2353 кикбоксери со 2979 натпреварувачки велзови од 43 држави.



