Три медала за ЏК Дрим на Гладијатор опен во Пловдив (ФОТО)

Дрим од Струга вчера на Меѓународниот џудо турнир „Гладијатор опен 2018“ во Пловдив, Бугарија, освои три медала – 1 златен и 2 бронзени.

Медалите ги освоија:
1.Доријан Петкоски – златен
2.Лука Столески – бронзен
3.Стефан Попоски – бронзен

„Давид Танаскоски, Герасим Кумбароски, Алексеј Чакарески и Александар Шулески прикажаа одлични борби но не успеаа да се закитат со медали“, вели тренерот Ѓорги Стојанов.

Вториот дел од ЏК Дрим во Вршац, Србија, предводен од тренерот Марин Бимбо освои исто така 3 медали.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО