Секунди ја делеа Анамарија Георгиевска од медал на Г 2 турнирот во Атина

Дефинитивно, среќата не ги послужи братот Дејан и сестрата Анамарија Георгиевска на Светскиот такевондо куп „Президент куп Атина 2018“. Анамарија (-59 кг, јуниори) неколку секунди ја делеа од медал на овој Г 2 турнир во Атина. Таа забележа две победи две победи над натпреварувачи од Грција и Бугарија,а беше поразена  Хрватка, во борбата за медал таа во последните секунди загуби 8-7.

Филип Стаменов (-59 кг, јуниори) е поразен во првата борба од Грк, а Марко Аврамовски во истата категорија и конкуренција го победи претставникот на Русија, во втората загубиз во последните секунди од актуелниот бронзен медалист од Турција на Светско првенство со 3-1.

Иван Крстевски (-63 кг, сенирои)  победа над натпреварувач од Канада, а втората е поразен од олимпискиот шампион Гонзалез Бонила од Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО