Тренерот на Волкановски е убеден во развојот на мечот со Родригез

Александар Волкановски следната недела против Јаир Родригез ќе ја брани титулата во перолесна категорија на УФЦ. Сепак, исходот од средбата се чини дека е однапред познат, според тренерот на Австралиецот со македонско потекло – Џо Лопез.

„Тој никогаш не сретнал посилна личност од Алекс и мислам дека тоа секогаш ги изненадува луѓето. Ако Алекс го фати, ќе го претвори во кукла од партали. Знаеме дека користи многу колена и лакти, па работиме на клинч борбата за да избегнеме повреди“, изјави Лопез за Олсатрс.

Мексиканецот ја освои привремената титула во дивизијата по неговиот феноменален настап против Џош Емет во февруари, па сигурно ќе видиме одлична борба меѓу две од водечките фигури на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО