Тренерот на Мек Грегор: УФЦ наскоро ќе го објави реваншот Мек Грегор-Дијаз

Konor-McGregor-i-Nate-Diaz na soocuvnaje

Нејт Дијаз ја сопре победничката низа Конор Мек Грегор, па Ирецот го доживеа својот прв пораз откако стана член на УФЦ. Според зборовите на тренерот на Мек Грегор, реваншот на овие двајца борци би требало да биде објавен следните денови.

Нејт Дијаз го совлада Конор Мек Грегор со давење во втората рунда на УФЦ 196, а исто така беше запрена и неговата серија од 15 победи. Тоа беше осмиот меч на Мек Грегор во УФЦ и првиот пораз под покровителство на најсилната ММА организација во светот. По поразот на Мек Грегор постојано се нагаѓа што е следното во кариерата на овој борец. Некои очекуваат неговото враќање во перо категорија и да ја брани титулата, но неговиот тренер Џон Каванаг изјави дека наскоро УФЦ ќе го објави реваншот меѓу Мек Грегор и Дијаз во велтер категорија и дека настанот УФЦ 200 ќе се одржи на 9 јули.

„Верувам дека тоа ќе биде објавена во следните неколку дена, па дури и до крајот на оваа недела.”, вели Џон Каванаг.

Не ни преостанува ништо друго освен да чекаме и да видиме дали реваншот навистина ќе се случи на УФЦ 200 за што веќе подолго време се шушка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON