Марјан Бенеш повторно е во гард (ФОТО)

Marjan Benes pak e vo gard

Марјан Бенеш повторно е во гард, здрав и жив.

Легендарниот југословенски боксер во почетокот на декември минатата година доживеа тешка сообраќајна несреќа во близината на Бања Лука. Бенеш (64г.) претекнувал со својот автомобил и се судрил со камион, при што заработи потешки повреди.

Marijan Benes so trofeeite

Тој повторно застана во гард за да покаже на сите пријатели и негови навивачи дека се оправил од тешката сообраќајна несреќа, вест која на просторите на поранешна Југославија е прифатена со воодушевување. Славниот боксер добил многу телефонски повици и пораки преку социјалните мрежи во знак на поддршка.

Marjan benes bo ring

Бенеш како југословенски репрезентативец стана европски шампион во 1973 година, беше и неколкукратен југословенски шампион. Во 1979 година го оствари најголемиот успех во профи боксот, откако стана европски шампион во верзијата на ЕБУ, за истата подоцна да ја одбрани четири пати. Беше и неофицијален светски првак, бидејќи титулата не му беше признанена затоа што менаџерот не ги уплатил парите. Ја заврши кариерата четири години подоцна поради тешка повреда на окото, нешто што претходно не сакаше да го направи во ситуација кога лекарите му препорачуваа повлекување поради жолтица.
Меѓу љубителите на боксот остана запаметен како фанатичен фајтер кој испраќаше многу удари, а во рингот покрај едното око, заработи и 26 фрактури на различни места, како и сериозно оштетување на гласните жици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО