Издаден налог за апсење на светскиот првак Адријан Бронер

Adrijan Broner

Има налог за апсење на Адријан Бронер за физички напад и тешко разбојништво.

Светскиот првак на ВБА во полусредна категорија е осомничен за тепање и закана со огнено оружје.

Американецот (26 г.) во куглана во Синсинати, според наводите на сведокот, се обложил со друг маж. Наводната жртва, изјави полицијата дека Бронер изгубил илјадници долари во облози на куглање и станал бесен кога човекот одлучил да стави крај на играта и да си замине.

Тој тврди дека боксерот начекал пред зградата и го удри во главата и вратот. Потоа, според наводите, отишол до автомобилот и донел пиштол и насилно ги зел парите.

На жртвата со шевови му била затворена исекотината на брадата во болница.

Бронер би требало да ја брани титулата светски шампион на 1 април против Ешли Теофан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО