Тренерот на Конор Мек Грегор верува дека Ирецот ќе го нокаутира Хабиб

Тренерот по бокс на Конор Мек Грегор, Овен Роди беше гостин во шоуто на Хелвани и изјави дека Ирецот ќе го нокаутира Хабиб Нурмагомедов во нивната борба на УФЦ 229. Роди не знае во која рунда, но е уверен дека Мек Грегор ќе победи.

„Помина доста време од последната борба и ми недостига да го видам Конор во кафезот. Не можам да дочекам да се вратам во октагонот, а тоа е битката што требаше да се организира. Навивачите го сакаа и дефинитивно би било интересно.

Секогаш тренира и се развива во добра форма и ќе го видиш. Сега мораме да направиме план за настап и да најдеме решение за борбата на Хабиб.

Мислам дека во борбите Хабиб доста често прима удари и тоа против Мек Грегор не е добра идеја. Ги видов сите негови мечеви и не може да се рамни во стој со Конор Мек Грегор. Во неговата последна борба со Ал Јакинта изгледаше како аматер во стој, но ние ќе очекуваме агресивен борач во битката со Конор.

Убеден сум, Конор ќе успее да го погоди и ако го направи тоа или ќе го нокаутира или едноставно е прашање на време кога ќе биде нокаутиран. Хабиб е опасен, но со правилна борба ќе го победиме.

Ако Конор е во можност да го удри во првата рунда, се ќе заврши во таа рунда. Штом Конор ќе удри брадата на Хабиб бората ќе биде завршена и светлата ќе згаснат. Очекувам победа со нокаут во првата или втората рунда“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО