Тренерот на Емилијаненко: Федор тренира како на млади години!

Fedor-i-Voronov

Владимир Воронов, тренерот на Федор Емилијаненко, тврди дека рускиот ветеран е во топ форма и очекува голем успех во неговата повратничка борба на 31 декември.

Иако Федор не се борел од 2012 година, по неколку одработени кампови во Холандија, Москва и во неговиот роден Сатри Оскол, Воронов е уверен дека поранешниот шампион на Прајд дека донел добра одлука кога решил да им се врати на борбите.

„Очигледно дека имал подолга пауза, но сега е во совршена кондиција. Тренира напорно како повторно да е момче. Неговата течка работа и искуство ќе ја направат многу интересна“, рече Воронов.

На јавноста се уште не и е познато со кого ќе се соочи Федор на првата приредба на организацијата Ризин фајтинг, но Русинот потврди дека го знае името на противникот и веќе специјално се подготвува за него. Неговиот тренер тврди дека противникот не е битен, бидејќи Емилијаненко во старата форма и е подготвен да го совлада секого што ќе го постават пред него.

„Не е важно кој е противникот, Федор е подготвен и може да победи кого било“, заклучи тренерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО