Алармантни бројки: 114 деца смртно настрадале на џудо часовите во Јапонија!

judo_djeca

Боречките спортови, исто како и сите други спортови, носи ризик од повреди, но и од потешки последици. Откако слободен борба е обликувана во спорт во 1993 година вкупно во рингот или во кафезот смртно настрадаа 10 борци. Но, во суштина е многу мала бројка, ако податоците се споредат со стапка на смртност во џудо – јапонскиот национален спорт.

Според официјалните податоци, дури 114 деца смртно настрадале во последните 30 години во училиштните часови по џудо. Повеќе од 300 претрпе сериозни повреди поради што останале инвалиди. Очекувано, така голем број на несреќи предизвика голема бура во јапонското општество. Причините за проблемите лежат во несоодветната систематика на тренинзите.

„Го игнориравме проблемот. Една единствена работа доведе до ова, а тоа е погрешна техника на учење која ги форсира учениците над нивните можности. Тогаш, овој контактен спорт може да биде фаталено“, рече Рјо Учида, професор на Универзитетот во Нагоја, која се занимава токму со темата на опасностите од инцидентите во спортот.

Неговоите истражувања покренаа некои работи, па во 2010 година е основано Јапонско општество на луѓе зкои настрадни во џудо. Целта е да се воведат построги безбедносни протоколи во наставата по џудо и другите боречки спортови. Од инструкторите во иднина би се побарало да полагаат ригорозни програми за сертификација кои ќе доведат до подигнување на стандардите за безбедност при работа со учениците.

Сепак, сите се согласуваат дека проблемот е и во јапонскиот менталитет кој не признава предавањет или повлекување. Имено, поради преголемата упорност и пожртвуваност на тренинзите и доаѓа до тешки несреќи кои на крајот премногу често завршуваат кобно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО