Тренерот на Аперкат Станков е задволен од настапот на Државното бокс првенство, очекува повеќе успеси во 2024 година

Тренерот на Боксерскиот клуб Аперкат, Оливер Станков, оценува дека имале успешен настап на Државното поединечно првенство што се одржа изминатиот викенд во Штип.

Освоени се два сениорски медали, и тоа најсјајните – златни, од Стефан Петрушевски и Тихомир Петровски, како и златен на Јордан Петковски и сребрен на Никола Кисковски во јуниорска конкуренција, а Андреј Трпчевски се закити со бронза во конкуренција на деца.

Аперкат вкупно освои 5 медали – 3 златни, 1 сребрен и 1 бронзен.

„Задоволен сум од постигнатите резултати на нашите боксери. Успехот ќе беше поголем ако настапеше Кирил Рајков. Нашиот боксер беше болен, така што здравјето е пред се“, вели Станков и додава:

„Целта е во 2024 година да стартуваме уште посилно и да дојдат до израз преку макотрпна работа и резултатите. Во овие деца има наследници на Гоце Јанески“.

Станков истакнува дека во периодот што следи ќе се фокусираат на техничко-татктичко усовршување и на спаринг-борби.

„Се се постигнува со работа и желба за успех“, порача Станков.

Државно поединечно првенство:

Деца
57 кг
Андреј Трпчевски – бронзен

Јуниори
75 кг
Јордан Петковски – златен
80 кг
Никола Кисковски  – сребрен

Сениори
57 кг
Стефан Петрушевски – златен
86 кг
Тихомир Петровски – златен

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО