Девин Хејни ги ослободи титулите

Девин Хејни ќе ги ослободи трите преостанати титули во лесна категорија што ги поседува откако ќе посака да се искачи во лесно- полусредна категорија.

Хејни ќе влезе во боксерскиот ринг на 9-ти декември против шампионот на ВБЦ во полусредна категорија, Реџис Прогрес.

„Дадов се од себе во лесна категорија“, ја пренесува ЕСПН изјавата на Хејни. „Најголемата борба за мене во лесна категорија беше против Џервонта Дејвис, но неговата екипа не покажа интерес за борбата. Ја надминав таа тежина и сега се поминувам во потешка категорија. И по оваа борба со Прогреис, очекувам да станам светски шампион во три дивизии, преминувајќи во полусредна категорија“, додаде 25-годишниот американски боксер за своите планови.

„ Напишав историја со тоа што се етаблирав како неприкосновен шампион, но сега мојата кариера стигна до фазата во која сакам да ги водам најголемите и најдобрите борби во светот“, изјави Хејни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО