Тренери/селектори: Проверката на каратистите за репрезентацијата во вистинско време (ФОТО)

metalurg-bugarija-zenski-od-bosko-3

Викендов во организација на Карате клубот Металург се одржаа заеднички тренинзи и турнир со бугарската репрезентација за кадети, јуниори и јуниори до 21 година кои ќе настапат на Балканското првенство во Сараево и на Европското првенство во Софија идната година.

metalurg-bugarija-od-bosko-1

„Нашата цел е канидатите за репрезентацијата да имаат 4-5 меча со рамноправни протовници за да провериме тактики кои ќе им требаат на првенствата, кои инаку би се правеле со многу трема. Така и писхолошки се ослободуваат и се подготвени без страв да ги применат тактичките замисли што ги вежбаме. Мене ми драго што успеавме да ја реализираме нашата замисла“, вели тренерот на Металург, Мирче Јанушевски, додавајќи дека првично идеата била да се патува во Бугарија, но испаднале некои работи на бугарската репрезентација па оттаму рекле дека тие може да гостуваат во Македонија. Јанушевски и објаснил дека во овој период нема оформено репрезентација за настап, бидејќи таков ни е системот на избор, но дека од нивниот клуб и неколку други клуба се јадрото на репрезентацијата. Бугарската репрезентација се согласила и дошла на нивен трошок во Скопје.

„Упативме покана до претседателот на Карате федерацијата на Македонија да учествуваат сите кандидати за репрезентацијата и дека ништо не треба да покриваат. Но, не ја прифатија нашата покана. Фала им што ни ги дадоа семафорите. Сепак, имаше едно добро јадро на каратисти од нашиот клуб, Макпетрол, Кеикс, Ботони и Јошитката, кои направија проверка на своите можности во пресрет на БП. Не знаеме каква е замислата на тренерите на репрезентацијата, нас не води спортоското его и сакаме нашите каратисти да бидат подготвени“, истакнува Јанушевски.

metalurg-bugarija-site

Селекторот на бугарскиот национален тим, Роксанда Лазаревиќ, истакнува дека соработката е на обострано задоволство и изрази благодарност до организаторот на заедничките подготовки КК Металург.

„Пред ЕП ни требаше проверка, сакавме да имаме што повеќе борби и да ги провериме можностите на нашите репрезентативци. Драго ни е што сме во Македонија, бидејќи последните пет години многу напредуваше. Македонската репрезентација е и велесила во регионот“, рече Лазаревиќ.

metalurg-bugarija-od-bosko-2

Подготовките се направија во вистинско време на три недели пред Балканското првенство на обострано задоволство, истакнува тренерот на КК Макпетрол, Бошко Заборски, и додаде дека целта е остварена, дури и повеќе од очекуваното.

„Дојде националната селекција со 25 натпреварувачи и околу 40 наши каратисти кои имаа два специфични тренинзи во одреден временски интервал со турнир по „бергер“. Сите имаа 4-5 борби, а некои од нив и по 7-8, дури и 9, со многу емоционални вредности. Подготовките и контролите се во вистинско време да ги видме недостатоците и да ги поправиме пред ЕП“, вели Заборски.

Тој нагласува дека ова е пракса која ја прават 10 години со Металург и која вродува со плодови. Од друга страна, договорено е да продолжи соработката со бугарската репрезентација.

Првиот човек на КК Кеикс, Елвир Куртановиќ, вели дека овој систем е многу поволен за прверка на репрезентативците и ваквата соработка е од корист на сите, бидејќи се размнуваат искуства и мислења. Куртановиќ вели дека вакавата пракса треба да продолжи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО