Тренер во Русија удри дете во главата со нога, затоа што направило погрешен потег на тренингот (Вознемирувачко видео)

Од Русија пристигна вознемирувачка и загржувачка видео снимка, од која може да се види како тренерот во боречката вештина, Иван Кирилко, како со нога удира во главата младо момче, кое, според неговото мислење, направило грешка во текот на тренингот.

Овој страотен инцидент што се случил во близина на Москва во Наро-Фоминск, дури сега беше обелоденет од руските медиуми кои овие денови дојдоа до снимката.

Кирлико брутално го удри деветгодишното момче затоа што отишло на погрешна страна. Руските медиуми пишуваат дека родителите поднеле пријава во полицијата, бидејќи „тренерот“ ветил дека сам ќе си поднесе оставка.

Сепак, тоа не го направил, а по повеќе од осум месеци тамошниот сојуз го суспендирал тренерот. Тоа го потврди Ксенија Мишонова, првабовранителка од Москва. Видеото сега го истражува и полицијата, а на Кирлико му се заканува многу поголема санкција од суспензија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=147&v=5-RwW9DZcDY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО