Велешаните Дејан Трајковски и Дејан Стефаноски во сабота ќе настапат пред нивните сограѓани на големиот ММА настан „Фајт најт чемпион 3 Велес“, а мотивиот е голем, треба да се докажат на професионлната сцена пред својата публика.
Трајковски (-77 кг) се среќава со Веда Исламовиќ од Босна и Херцеговина, а Стефаноски (-84 кг) со Јасмин Вркшиќ.
Возбудата е голема. Еве ги нивните мислења за противниците и очекувањата од борбите.
„За овој меч се подготвувам два месеци. Одлично поминаа подготовките. Овој пат, освен мојот тренер Раде Стефановски, во подготовките активно учество земаа и еден од нашите најдобри ММА борци, Гоце Димитриевски, рачна техника работев со Тони Јаневски, кој е големо име на македонската бокс сцена, а борење и граплинг техника работев со Љупче Тасевски, член на Балканец од Штип, долги години шампион на Македонија и со медали од светски и европски првенства.
Мојот противник е доста добар и тврд борец, одличен кикбоксер, но јас се чувствувам одлично и подготвен сум за овој меч. Желбата за победа пред својата публика е огромна и се надевам дека ќе успеам во тоа да го претставам мојот град во најдобро светло“, вели Трајковски.
Тој ги повикува сите љубители на адреналин и на овој спорт да дојдат во сабота во салата „Гемиџии“, затоа што организацијата е на високо ниво и овој пат има фајт кард со одлични борци. „Уверен сум дека ќе проследите одлични борби“, констатира Трајковски.
Дејан Стефаноски вели ако си подготвен и ако тренираш не битно кој е на спротвната страна. Тој потенцира дека срцето ќе остави во кафезот.
Тој му бчагодари на неговиот тренер, Раде Стефаноски, и на спаринг партнерите, како и на селекторот на кик бокс репрезентацијата на Македонија, Дејан Митровски –Урко, кој му помогнал во тренажниот процес и на Звонко Јаневски, мајстор по БЏЏ и џудо.
„Очекувам добра борба. Противникот е искусен борец. Јасмин Вршкиќ има 30 години и околу 40 борби. Тој е јак и цврст, но јас сум подготвен пред мојата публика машки да се изборам. Очекувам победа“, категоричен е Стефаноски.
Дејан укажува на тоа дека е подготвен, но и неговите спаринг партнери.
„Ќе прикажеме одлични борби, бидете сигурни во тоа. Пред три години ги гледав моите спаринг партнери Илија, Златко и Дејан, а сега и јас со нив сум во акција. И на нив им посакувам успешни борби и среќа“, истакнува Стефаноски, кој досега има две профи борби, едната во Никшиќ, Црна Гора, каде што победи со чоук, а пред два месеца во Сплит- Хрватска, славеше со граун енд паунд.
„Оцекувам трета победа пред мојата публика. Се гледаме во сабота во кафезот“, порачува Сетфаноски.
Фајт најт чемпион 3 Велес
Прелиминарни борби:
- Недрин Фејзовиќ (БиХ) – Филип Стефановски (МКД), -68 кг
- Ален Капиќ (СЛО) – Иван Милошев (МКД), -72 кг
- Гретел Вркиќ (ХРВ) – Марјан Марков (МКД), -70 кг
Главни борби:
- Едо Чаврк (ХРВ) – Тоше Цветков (MКД) -84 кг
- Александар Затковски (МКД) – Анто Палавра (БиХ), -66 кг
- Дејан Стефановски (МКД) – Јасмин Вркшиќ (БиХ) -84 кг
- Александар Ракас (ХРВ) – Слаѓан Драгишиќ (СРБ) -77 кг
- Милош Дујчиновиќ (СРБ) – Тео Радниќ (ХРВ) -93 кг
- Ермин Хоџиќ (БиХ) – Иван Гарчевиќ (ЦГ) -84 кг
- Марјан Ангелески (МКД) – Иван Вичиќ (СРБ) + 93kg
- Дамир Кнего (ХРВ) – Милан Врбиќ (СРБ) 93 кг
- Христијан Граорски (МКД) – Петар Црмариќ (ХРВ) -66 кг
- Домагој Обрадовиќ (ХРВ) – Ненад Падори (СРБ) 93 кг
- Дејан Трајковски (МКД) – Веда Исламовиќ (БиХ) -77 кг
- Илија Андонов (МКД) – Џевад Муфтиќ (БиХ) -66 кг
- Златко Петровски (МКД) – Арнес Мујезиновиќ (БиХ) -77 кг
ipon.mk/В.Д.