Федор Емилијаненко: Од почеток во игра беше само Јапонија!

fedor razgovor-izraz

Федор Емилијаненко конечно ги отвори картите за неговото враќање на борбите. Тој вели дека го контактирал Нобојуки Сакакибара и побарал да ја поддржи новата организација и дека од самиот почеток единствено во игра била само Јапонија.

Се разбира, маркетиншки се е направено врвно, така за да се мисли дека големиот руски борец е слободен да преговара со сите организации. Но, ако е за верување она што Федор го рекол за јапонските медиуми, се било договорено многу порано пред да го објави своето враќање.

„Морам да признаам дека се вратив само заради Сакибара и Јапонија. Тој ме контактираше оваа пролет, ми објасни дека планира да лансира нова организација и побара да го поддржам во ова, односно да настпам на првиот настан. Го прифатив предлогот, бидејќи отсекогаш ја ценев Јапонија и јапонската публика и чест ми да бидам дел од ова“, рече Федор.

Спрема тоа, јасно е дека УФЦ и Белатор никогаш не биле во игра, а сето тоа можеше да се претпостави и порано, кога Скот Кокер, кој исто така е дел од целата оваа приказна, рече дека тие во моментов не се заинтересирани за најмување на Федор Емилијаненко. Но, оние кои се уште се надева на настап на Фјодор во најсилната конкуренција се љубителите и тие ќе останат разочарани. Кога е јасно дека враќањето само од маркетиншки причини.

“Во Јапонија секогаш бев срдечно пречекан и секогаш сум среќен кога ќе помислам на времето во Прајд. Исто така, во последно време имаме многу ММА настани во Русија и Јапонија, а на некои од нив присуствував. Сето ова може да биде многу добра ситуација за натамошно поврзување и тоа, исто така, ме поттикна за враќањето. Но, искрено, ако Сакакибара не контактираше со мене, се сомневам дека некогаш ќе помислев на враќање. Ова е можност како би можеле да се создаде некој нов пат за младите луѓе кои сакаат да се занимаваат со овој спорт“, истакна Федор, продолжувајќи се повеќе да разобличува целата оваа ситуација.

Сепак, борбата мора да се сфати сериозно, без разлика кој ќе биде неговиот противник. Во моментов се подготовува, па нешто кажа и за неговата состојба, односно каква е разликата во сегашноста и моментот кога одлучи да се пензионира.

„Кога би требало да ја споредам моменталната ситуација и таа пред три и пол години, кога се пензионирав, мислам дека сум во добра форма, но јас се чувствувам дури и посилно. Моето тело многу добро се опоравува и регенерира и сум задоволен со тоа. Во Русија работам со многу талентирани борци, кои ми помогаат да се подготвам. Иако мојот противник се уште е непознат,  верувам дека тоа ќе биде многу добра  борба, од која навивачите ќе бидат задоволни. Ова е прекрасна игра и како такви ќе им ја понудиме на гледачите“, рече на крајот најдобриот ММА тешкаш на сите времиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО