Трајковски-европски вицешампион: Тежнеам од секој турнир да се вратам со златен медал

Витомир Трајковски вчера го освои сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тбилиси, Грузија, иако не ја почувствува горчината на поразот.

Неговата борба во финалето со Гор Нерсисјан заврши 3-3, но Ерменецот беше прогласен за победник затоа што прв освои поен, правило кое дава предност при нерешен резултат.

Со освојувањето на среброто Трајковски ја продолжи низата на успеси.

Медали на Трајковски:

Балкански шампион во Љубљана, Словенија, У-21, 2023 година
Бронзен медал на Светските игри за боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија, У-21, 2023 година
Бронзен медал на Европското првенство У-21 во Ларнака, Кипар, 2023 година
Бронзен медал на Карате 1 Серија, сениори, во Атина, Грција, 2023 година
Сребрен медал на Светското првенство во У-21, Коња, Турција, 2022 година
Сребрен медал на Балканското првенство за сениори во Белград, Србија, 2022 година
Сребрен медал со машкиот кумите тим на Балканското првенство за сениори во Тирана, Албанија, 2023 година
Златен медал со кумите тимот на Европското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, Хрватска, 2023 година

За она што го очекува во иднина каратистот на Макпетрол вели:

„Секогаш имам поставено цели и визија за секој турнир во годината, кои тежнеам да ги остварам. Гледам од секој турнир да се вратам со златен медал“.

Резултати ЕП У-21:

-84 кг
Витомир Трајковски – Давиде Лучијани (Италија) 3-2
Витомир Трајковски – Мелос Гаши (Албанија) 1-0
Витомир Трајковски – Никита Сахвон (неутрален)6-1
Полуфинале
Витомир Трајковски – Салих Халиловиќ (БиХ) 2-1
Финале
Витомир Трајковски – Гор Нерсисјан (Ерменија) 3-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО