Ардијан Рустемовски е најдобар странски боксер на „Младинската златна ракавица“

Ардијан Рустемовски е прогласен за најдобар странски боксер на Меѓународниот боксерски турнир „Младинска златна ракавица“во Краљево, Србија.

 

Рустемовски во финалето го победи Адмир Камесничанин од Србија со 4-1, додека вториот на финалист Бајрам Мамутовски загуби од Никола Максимовиќ од Србија 0-5.

Првиот настап во оваа година е охрабрувачи за македонскиот бокс, бидејќи вчера на Опен Балкан нашите боксери извојуваа четири победи.

Младинска златна ракавица:

48 кг Бајрам Мамутовски – Никола Максимовиќ (Србија) 0-5

57 кг Ардијан Рустемовски – Адмир Камесничанин (Србија) 4-1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО