Трајан Ангелов ќе ја брани пронзата на СП во борење за ветерани, тренирајќи на фудбалски стадион

Трајан Ангелов – Мечката од Радовиш напорно се подготвува за Светското првенство во борење во Скопје од 28 до 30 септември, за да го брани бронзениот медал од СП 2017 во Бугарија.

Ангелов ќе настапи во дивизијата Е од 55 до 60 години со надеж дека ќе постигне и поголем успех. Тој по четврти пат ќе настапи на светските првенства: 2015 година во Србија, Грција 2016 и Бугарија 2017.

Сепак, желбата е голема а условите се сведуваат на желби. Тој тренира со Тони Танчев на фудбалскиот стадион во Радовиш, бидејќи во салата не му било дозволено.

„Се разочарав од борењето кога отидов во малата сала да се измерам и да продолжам со тренингот на душек. Од страна на тренерот на децата на Бучим ми беше речено: Што бараш тука? Разочарувањето е уште поголемо, бидејќи тоа ми го рече човек кој никогаш во животот не тренирал борење. Видов дека е забрането да тренирам во малата сала и моментално тренирам на стадионот на трева, а ќе се борам на душек и ќе ги бранам боите на македонската репрезентација“, истакнува Ангелов и додава:

„Но, желбата е голема и се надевам дека ќе го повторам успехот од 2017 година. Најмногу му се заблагодарувам на Тони Танчев, човекот кој секојдневно е со мене и ми помага да се подготвам“.   

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО