На Трајан Ангелов му го свртеа грбот – не учествуваше на СП за ветерани

Meckata so zavoi

Трајан Ангелов годинава не настапи на Светското првенство за ветерани од 7-9 октомври во Валбжич во Полска, иако имаше напорни подоготовки, поради немање на пари.

Ангелов лани остави добар впечаток на СП во Атина, Грција, а претходно и во Белград, освојувајќи го петото и беше најсветлата точка воа македонското борење минатата година.

aco i meckata

По се изгледа затаија сите, почнувајќи до неговата матична средина Радовиш, Федерацијата за боречки спортови на Македонија ФБСМ, а и Здружението на ветерани борачи, кое инаку е многу активно по социјалните мрежи. Ако сите се организираа можеа да ги најдат потребните средства.

Да потсетиме дека Трајан Ангелов-Мечката (-97 кг, дивизија Д од 50-55 години) минатата година одржа час по спортски патриотизам, затоа што покажа како треба да се бори секој спортист за националниот тим, па макар бил и ветеран, кој со своите 53 години ги придоби симпатиите на публиката, противниците, па и судиите.

Trajan Angelov Meckata

Ангелов го освои петото место, при што забележа две победи. Во првото коло го совлада Раинбах Езалотах од Иран со 9-0, а потоа и претставникот на Австралија, Лазарос Пападопулос со 10-5. Во полуфиналето беше убедливо совладан од претставникот на Јужна Африка, Кристофер Сатон, со 10-0. Тогаш од нашиот истакана дека, ако Ангелов се борел потактички, немало да се повреди и сигурно ќе ја добиел борбата за бронзениот медал, која ја избуги со 3-1 од Игор Зандепријани од Казакстан.

Во третата борба (полуфиналето) заработи сериозна повреда на десното рамо, затоа и ја предаде борбата во третата рунда со претставникот на Јужна Африка, Кристофер Сатон, што ја загуби со службен резултат од 10-0, во спротивен случај се очекуваше пласман во финалето.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО