Тони Фергусон најпосле добива шанса за средба со Хабиб

Тони Фергусон ќе има шанса да се соочи со Хабиб Нурмагомедов откако нивната закажана борба во УФЦ пет пати пропана поради различни причини.

Фергусон доби понуда од долгогодишниот менаџер на Нурмагомедов, Али Абделазиз, за ​​средба која, сепак, ќе биде по граплинг правилата, а не октагон на УФЦ.

Американецот се уште активно се натпреварува во ММА, се бореше двапати откако Нурмагомедов се повлече од спортот минатата година.

Абделазис му понуди на Тони шанса да се сретне со Дагестанецот шест години откако беше планирана првата битка меѓу нив.

„Тони Фергусон – што ќе кажеш за граплинг меч со Хабиб во блиска иднина? Не се шегувам, сериозен сум“, напиша Абделазис на Твитер.

Двајцата борци имаат една од најинтересните истории, покрај толку пати закжаните средби секој пат нешто се случуваше и никогаш не успеваа да излезат еден против друг за да откријат кој е подобар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО