АктуелноБоксПрофесионален

Дмитри Бивол се надева на пресметка со Артур Бетербиев догодина

Шампионот на ВБА во полутешка категорија, Димитри Бивол, следната година сака да се бори со шампионот на ВБЦ и ИБФ, Артур Бетербиев.

На 11 декември во Русија, Бивол доминираше со Умар Саламов во 12 рунди и забележа победа со судиска одлука.

Бетербиев на 17 декември ќе ги брани титулите против Маркус Браун.

Ако победи Бетербиев, следната година ќе бара и голема борба.

Според Бивол ова е добра можност двајцата да се соочат напролет.

„Сакам да се борам со Бетербиев. Овој меч може да се случи напролет. Подготвен сум за големи предизвици и сакам да се борам со шампиони и да освојувам титули.

Сакам да му посакам среќа на Артур во мечот со Браун, а потоа ќе видиме што ќе се случи“.

И двајцата боксери беа неактивни во последните неколку години.

Бивол (19-0) го победи Ленин Кастиљо во октомври 2019 година, но се бореше до мај оваа година, кога го победи Крег Ричардс.

Бетербиев (16-0) се бореше и во октомври 2019 година, кога го совлада Александар Гвоздик, но потоа влезе во рингот дури во март годинава, кога го запре Адам Дајнс.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON