Фирас Захаби: Ни ги претвораат децата во гејови

Фирас Захаби, долгогодишниот тренер на Жорж Сент Пјер, е огорчен од училишните програми кои имаат за цел да ги „феминизираат“ неговите синови, принудувајќи ги да прифатат луѓе со различна сексуална ориентација.

„Во тек е кампања за феминизирање на мажите“, рече Захаби. „Ако сакаат да ги феминизираат своите деца, можат да го направат тоа, но јас нема да им дозволам да го прават тоа со моите“.

Захаби е сопственик на канадскиот клуб Тристар џим и е категоричен дека не сака неговите синови да учат за различните ЛГБТ (ЛГБТК +) разновидности и да ги прифатат на училиште, каде што дури им биле прикажани филмови кои наметнуваат истополови врски како нешто нормално.

„На еден од моите синови, на Денот на вљубените, му беше прикажан филм за човек кој се заљубува во друг маж. Моите деца се како отворени книги – па ми рече: „Гледавме филм и двајца мажи се бакнуваа и јас и мојот соученик се смеевме, но сите бевме лути поради тоа. Постојано ми велеа дека е нормално.

Наставничката му кажа на мојот син дека е нормално да се биде геј. Добро, но тоа е премногу чудно. Сè уште не го поминале пубертетот. Ги испраќам моите деца на училиште да учат математика, природни науки, историја, филозофија, етика… основите. Зошто им покажуваш приказна за Денот на вљубените за маж во врска со друг маж?“

Захаби, кој има диплома по филозофија, категорично им порача на своите синови гордо да се изјаснат дека не се геј.

„Видете, има хомосексуалци во светот. Им велам на моите синови дека има такви луѓе во светот. Ќе ги видат на улица. Но, ние не сме геј. Јас им го кажав тоа кратко и јасно. И не се срамам од тоа. Им реков „Кажете му на вашиот учител дека сте хетеросексуалец и ако тој има проблем со тоа, нека ми се јави“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО