Тони Фергусон: Ќе ја одбранам титулата против Гејџи

Тони Фергусон е сигурен, како и секогаш, пред неговата борба со Џастин Гејџи. Тие ќе се борат овој викенд во главната средба на УФЦ 249 на Флорида. Залог е привремената титула во лесна категорија и на победникот му се гарантира битка за обединување на појасите со Хабиб Нурмагомедов кон крајот на годината. Тони е во серија од 12 последователни победи и има што да загуби во овој дуел.

Гејџи, пак, е во серија од три последователни победи со нокаут. Букмејкерите велат дека Фергусон е фаворит на мечот, но тоа никогаш не се знае. Сешто може да се случи во битката, а Ел Кучуј верува дека работите ќе завршат на еден начин и тој ушт еднаш ќе си замине со појасот.

„Се движам со мал круг на луѓе, затоа што ако се одиш со многу луѓе кои имаат големо его, тогаш и тие така се однесуваат, си сакаат со големо его. Сакам многу работи што ги правам и сум зафатен со нив. Јас сум најмен убиец. Имам за цел да ги остварам моите работи и тренирам како луд. Секогаш се подготвувам за 3 или 4 ривали и сум напред со распоредот. Долго време, не бев толку сигурен.

Гејџи прави едно те исто во секоја борба, но тој е многу добар во тоа. Ако многу силно ја сакаш победата, тогаш ќе го нокаутираш тој. Ќе го измориш, додека не го скршиш и тој нема да може да се опорави. Битката ќе заврши на некој начин. Раката ќе ми биде крената и ќе го одбранам појасот против Гејџи“, рече Фергусон.

https://www.instagram.com/p/B_y0FLdHPeo/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО