Тони Фергусон изарадува болно дете (ФОТО)

Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Тони Фергусон израдува еден свој фан. За случката раскажа Ариел Хулвани на својот профил на социјалните мрежи. Хелвани рече дека добил повик од Фондацијата „Make-A-Wish“, која помага во исполнувањето на желбите на неизлечиво болните деца.

Тие побараа од Ариел да договори разговор меѓу Фергусон и детето, затоа што со ограничувањата поврзани со КОВИД-19 тие не може да патуваат и да се видат во живо. Неколку недели им биле потребни за да средат работите, а „Ел Кучуј“ не само што разговараше со својот обожавател, туку направи тренинг кој траеше еден час. Така Фергусон го израдува својот обожавател и помина буквално еден час со него.

Тони минатиот месец имаше борба во која се сретна со Џастин Гејџ во битка за привремената титула. На тој натпревар, Фергусон му претрпе голема штета и загуби со технички нокаут. Така, заврши неговата серија од 12 последователни победи.

https://www.instagram.com/p/CB7Uv-DB6RE/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО