Тони Фергусон до Хабиб: Немам трпение да те клекнам на колена

Поранешниот привремен светски шампион Тони Фергусон не може дочека да се врати во кафезот. Во моментов се бори со менталните проблеми и одби да се бори за привремениот појас. Ова ги изненади во УФЦ, па затоа го избраа Дастин Пориер да се бори против Макс Холовеј следниот викенд, а победникот ќе се бори со Хабиб.

Како што стојат работите, Тони и Хабиб нема да се борат наскоро, но Фергусон не се откажува од желбата за таква средба и вели дека не може да чека да го клекне на колена Хабиб.

„Не можам да дочекам да го клекнам на колена Хабиб. Имам специјална вратоврска за тебе“.

Тие требаше да се борат четири пати, но борбата никогаш не стигна до кафезот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО