Тони Белју –Бомбардерот ја освои титулата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во полутешка категорија.
На омилениот „Гудjoсен парк“ тој го нокаутира Илунга Макабу од Конго, во третата рунда. Мечот беше врв на програмата на уште една европска боксерска вечер.
Навивачот на Евертон Белју имаше среќата сето тоа да го направи пред домашната публика.
Тој успеа да се соземе откако Макабу му го раскрвави носот и го испрати на подот на крајот на првата рунда.
Сепак, во втората, Белју собра сили и во третата буквално го демолираше противникот.
https://youtu.be/h4leBLGFTdc