Битолските нинџи на 24-часовен семинар за надчовечка издржливост (ФОТО/ВИДЕО)

Ninjitsu site Bitola

Нинџицу клубот Битола одржа 24-часовен семинар под раководство на инструкторот Сашко Мирчевски во село Сопотница кај Демир Хисар, однонсо неговите палнински предели, на кој се тестираа човечката издржливост и вештина.

Borba vo kal Bitola

„На програмата беа техники и вежби од рју ха мацедониан нинџуцу стилот. Се тренираше деноноќно. На секој час следуваше одмор, по 10 мин за храна и вода, а се маршираше 50 километри. Најдобрите нинџи направија над 2000 склекови, 500 стомачни и 500 чучнувања. Имаше граплинг борби во кал. Се тренираа таиџуцу техники за самоодбрана и напад и се зајакнуваше телото, притоа се работеше со силна физишка динамика“, обајснува Мирчевски за тренинзите на човечката издржливост.

Ninjitsu seminar goli site

Така, кај секој учесник на семинарот до израз дошла психичката сила или слабост.

Покрај членовите на клубот учествувале и припадници на полицијата и љубители на боречките вештини.

Ninjitsu seminar

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО