Тони Белју му предложи противник за Ентони Џошуа: Кој не би сакал да го гледа тој меч?

Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа оваа година успешно ја мина третата пречка, по Џермејн Френклин и Роберт Хелениус, минатиот викенд го победи и Ото Валин на боксерскиот спектакл во Ријад.

Британецот со оваа победа стигна до второто место на предизвикувач во тешката категорија на ИБФ, а е прв кандидат за мечот против Филип Хрговиќ, кој на истиот настан го совлада Марк де Мори.

Најдобриот хрватски боксер го совлада Австралиецот со прекин во првата рунда и со тоа ја задржа позицијата на прв предизвикувач за светскиот шампион на ИБФ.

Но, пред евентуална борба за титулата шампион на ИБФ, треба да го почекаме исходот од мечот за апсолутeн светски шампион во тешка категорија меѓу Aлександaр Усик и Тајсон Фјури.

Имено, дуелот за обединување на појасите треба да се одржи на 17 февруари, а доколку по таа борба поразениот побара реванш, ИБФ објави дека појасот ќе му биде одземен на победникот.

Тогаш Филип Хрговиќ треба да добие шанса да се бори за титулата, а негов можен противник е Ентони Џошуа.

Поранешниот шампион во полутешка категорија, Тони Белју, не е сигурен дали Џошуа треба да прифати борба за шампионскиот појас на ИБФ, за да добие шанса повторно да го достигне врвот во тешка категорија.

„Никој не знае кои појаси може да се добијат по 17 февруари, кога ќе се борат Усик и Фјури. А на Џошуа сега му требаат големи борби – истакна Тони Белју и додаде:

„Па, кој не би сакал да го гледа Еј Џеј на меч против Френсис Нгану“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО