Гарсија и Хени ја потврдуваат борбата меѓи нив?

Рајан Гарсија (24-1) и Девин Хејни (31-0) се чини дека ја потврдија борбата меѓу нив во боксерскиот ринг, откако и двајцата отворено ја коментираа темата на социјалните мрежи, па дури и импровизиран постер од борбата.

„Кралот Ри“ потсети дека ова ќе биде негов седми меч против „Дирот“, но за првпат двајцата ќе се борат во професионалната арена.

This will actually be the 7th fight between us. It’s only right it’s on the professional stageThank you Lord Jesus. It’s time to RUMBLE

Од своја страна, Хејни напиша дека „ќе се видиме наскоро“, а потоа повторно ја објави пораката на Гарсија на неговиот X-профил.

Оскар де ла Хоја претходно ги повика двајцата да седнат на преговарачка маса и се чини дека „Голден бој“ ќе ја игра клучната улога во организацијата.

Сè уште е рано да се одреди датум, но изгледа дека двајцата ќе зачекорат во рингот некаде напролет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО