Меѓународна сценаММА

Томпсон: Туркањето на Хамзат Чимаев е шлаканица за другите борци

Поранешниот предизвикувач за титулата во полутешка категорија, Стивен Томпсон е незадоволен од специјалниот третман на УФЦ кон Хамзат Чимаев. За само неколку месеци во организацијата, „Борз“ успеа да го освои срцето на Дана Вајт, откако победи во 3 битки за 66 дена. Ова го стави во топ 15 во полутешка категорија и доби битка со Леон Едвардс, кој е број 3 на П4П-листата.

Тие ќе се борат следниот месец, а победникот скоро сигурно ќе добие шанса за титулата. 26-годишниот Чеченец е сигурен во своите квалитети и е подеднакво добар и во стој и во партер. Даниел Кормиер не престана да го фали и рече дека Чимаев ќе биде двоен шампион на крајот на 2021 година.

Не е јасно каква иднина има овој борец, но Томпсон не е љубител на УФЦ и понатаму да го турка. Стивен е бесен затоа што тоа е шлаканица за сите кои напорно работат во категоријата.

„Мислам дека Хамзат Чимаев е број 15 во рангирањето во средна категорија, што нема смисла. Знам дека има една победа во средна категорија над МекКи, кој е во серија порази и се бори во лесна категорија. Нема смисла во тоа, бидејќи тој ги прерангира момчињата кои напорно работат за своите позиции.

Борец кој е број 15 победи во битка со број 3 во категоријата и тоа е смешно. Се борев со убијци за да дојдам до врвот на категоријата, а тоа го стори и Леон. Едвардс мораше да победи 8 борци за да влезе во топ 3. И јас би се борел со тешки борци, а ова момче Чимаев само ги прередува другите.

Мислам дека тоа е шлаканица во лице за секој што си го откинал газот од работа. Мислам дека ќе му дадат шанса за титула со победа над Леон. Ова е мое предвидување. Размислив и ми стана јасно.

Хабиб се повлече, а Чимаев беше прободен со нож и тие мора да го задоволат овој пазар по повлекувањето на Нурмагомедов. Постои логика во фактот дека Чимаев го турка УФЦ“, изјави Томпсон за Чимаев.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON