Холандија се затвора, настанот на Глори неизвесен

Холандската влада воведува построги мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот. Тие стапуваат на сила од полноќ во вторник, на 15 декември и ќе важат до 19 јануари 2021 година. Престануваат да работат сите спортски сали, базени, сауни, како и музеи, кина, театри, казина, зоолошки градини.

Ова е многу лоша вест за љубителите на кик-боксот, бидејќи викендов во Ротердам требаше да се одржи Глори 76. Во главната борба, легендарниот Бадр Хари ќе ги одмери силите со Бенџамин Адегбуи. За жал, ова се случи неколку дена пред гала вечерта. Сега, во последен момент, кик бокс организацијата треба да побара нова локација надвор од Холандија.

Не е јасно дали ГЛОРИ ќе се обиде да го спаси настанот или ќе го одложи по трет пат оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО