Тмурно попладне во Истанбул, само Доан Османи стигна до репасаж на Премиер лигата

472

Во попладневниот дел од Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, нашите каратисти не беа успешни како оние што настапија во претпладневниот дел. Само Доан Османи (-75 кг) стигна до репасаж кој забележа победа и пораз.

Осамни во првото коло загуби од еден од најдобрите светски каратисти, Луиџи Буза од Италија. Бидејќи се пласира во финалето, Буза го повлече во репасаж Османи кој во првата борба забележа победа, а во втората, која ќе му овозможеше борба за медал, загуби од Иранецот Асибари.

За малку фалеше и Петар Заборски да настапи во репасажот, но Шабани од Косово од кого изгуби со изјаснување при резултат 0-0, не се пласира во финалето.

Јована Георгиева и Марија Милева загубија во првите настапи.

Да потсетиме дека емил Павлов во недела ќе се бори за бронзата откако денеска извојува три победи, а за влез во финалето загуби од Фирдовси Ферзалеив од Азербејџан со 2-5. За бронзата ќе се бори со Каизар Алписбаир од Казахстан.

Освен тоа, добар впечаток остави и Абдурахим Идризи во дебитантскиот настап во Премиер лигата извојувајќи две победи.

Утре настапуваат Петар Спасеновски, Виктор Крстевски, Глигор Петков, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Ангела Мојсовска и Моника Стефановска.

По едногодишна пауза во Истанбул настапуваат 618 натпреварувачи од 69 држави, односно 280 клуба, а Македонија ќе ја претставуваат 16 каратисти.

Резултати:
-60 кг
Емил Павлов – Аминга Гулијев (Азербејџан) 3-0
Емил Павлов – Аеф Гаит (Јордан) 3-2
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 8-3
Полуфинале
Емил Павлов – Фирдовси Ферзалеив (Азербејџан) 2-5
За бронза
Емил Павлов – Каизар Алписбаир (Казахстан)

Абдурахим Идризи – Султан Хусеинов (Азербејџан) 9-1
Абдурахим Идризи – Ада Огузан (Турција) 0-0
Абдурахим Идризи – Садридин Сајматов (Узбекистан) 4-8

Вахик Весели – Бурак Оздемир (Турција) 1-3

-67 кг
Марио Свинарски – Владислав Талдикин (Русија) 0-0

-75 кг
Доан Османи – Луиџи Буза (Италија) 0-4
Репасаж
Доан Османи – Ерен Акурт (Турција) 3-0
Доан Османи – Али Асгар Асибари (Иран) 3-5

Петар Заборски – Елхами Шабани (Косово) 0-0

-84 кг
Петар Спасеновски – Андреј Торошенко (Укарина)
Виктор Крстевски – Рамазан Азизов (Казахстан)
Глигор Петков – Валери Соних (Украина)/ Томас Дусанг (Чиле)
Берат Јакупи – Константин Цимбал (Украина)

+ 84 кг
Жарко Арсовски – Роб Тимерманс (Коста Рика)

Кати
Пуликсенија Јованоска е 13-та

-55 кг
Јована Георгиева – Асена Пекмезоглу (Турција) 4-6
Милева Марија – Ивет Горонава (Бугарија) 2-5

-68 кг
Ангела Мојсовска – Алиса Бушингер (Австрија)
Моника Стефановска – Силвија Семераро (Италија)

Ipon.mk