ТКД Бутел со деветмина репрезентативци се подготвува во Банско (ФОТО)

Деветмина репрезентативци на Таеквондо клубот Бутел се на осумдневни висинско-базични подготовки во Банско,Бугарија, предводени од европскиот шампион Дејан Георгиевски.

Подготовски ги водат тренерите на ТКД Бутел Борче и Дарко Костовски

Натпреварувачите се подготвуваат за голем број на Г-1 турнири во целиот свет, почнувајќи од Истамбул-Турција на 10 февруари, кој важи еден од најсилните турнири во Европа.

„Секако, главни настани годинава се Европско првенство во стандардни категории и Ссветско во олимписки, Медитерански игри во Шпанија, а Дејан Георгиевски ќе собира бодови од Г-1 турнирите за остварување на олимписка норма.

Инаку работиме три тренинга на ден. Утринско планиско трчанје 10 км, вториот тренинг е во теретана со специфични вежби за таеквондо и третиот е вежби за сила,експлозивност,издржливост со сопственото тело“, вели тренерот Дарко Костовски.

Во сабота ќе имаат заеднички спаринг-тренинзи во Дупница со бугарската таеквондо репрезентација. Бугарите изразиле голем интерес, затоа што на спарингот ќе биде присутен и европскиот шампион Дејан Георгиевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО