Тито Ортиз се врати од пензија и потпиша за Комбате Америкас

Тито Ортиз повторно се враќа од пензија. Тој потпиша договор со Комбате Америкас и ќе се натпреварува под нивното знаме. Поранешниот шампион на УФЦ беше на настанот Комбате Америкас, при што неговиот договор беше потпишан од Кемпбел Мекларен, кој е главен извршен директор на организацијата.

Последната борба на Ортиз беше во ноември на дебитантскиот ММА настан на Голден бој, кога го победи Чак Лидел. Ортиз успеа да го нокуатира противникот, а потоа објави дека пак се повлекува од ММА. Тито е во серија од 2 последователни победи и се уште не го објавил противникот за неговото деби, но неодамна изјави дека ќе се бори во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON