Скот Кокер сака борба меѓу Федор Емилијаненко и Џош Барнет (ВИДЕО)

Скот Кокер, претседателот на Белатор, е подготвен да организира меч на Федор Емилијаненко во САД, Јапонија, па дури и Москва, се разбира, ако одлучи да се бори. Од Белатор сакаат Федор да ги одмери силите со Џош Барнет, кој е поранешен шампион на УФЦ, а неодамна потпиша со Белатор.

Нема сомневање дека Федор Емелијаненко е име во ММА. Легендата учествуваше на турнирот во тешка категорија на Белатор и стигна до финалето, каде што загуби со нокаут за 35 секунди од Рајан Бадер. Федор има скро 2-2 за Белотор и сите негови борби завршуваат со нокаут во првата рунда. Емелијаенко веќе има 42 години и е далеку од најдобри времиња. Многу луѓе посакаа да се повлече по поразот од Бадер, но Федор сè уште не донел одлука.

„Сè уште не разговараме со Федор. Тој е во Москва, но наскоро ќе се сретнеме и ќе разговараме со него во Чикаго. Ќе видиме какви му се плановите. Подготвени сме да организираме меч во САД, Јапонија или Москва, ако одлучи да се бори. Подготвени сме да правиме реклама и турнеја. Се зависи од него, бидејќи може да го одбие предлогот и да одлучи повеќе да не се бори.

Ќе се видиме за неколку недели и тогаш ќе ни биде јасно како стојат работите. Федор наспроти Барнет е битка што никогаш не се случила. Ќе биде неверојатно ако се случи таква борба. Се уште не е сигурно дека Барнет ќе добие шанса за титулата во своето деби, бидејќи неговиот менаџер ми кажа дека сака да се бори прво со друг противник и потоа да се бори за титулата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО