Џарел Милер ќе се извлече од казни на Комисијата

Џарел Милер (23-0-1, 20 КО) се подготвуваше за борба со Ентони Џошуа (22-0, 21 КО) на 1 јуни, но тој падна на допинг тестот. ВАДА откри три вида забранети супстанци во организмот на Милер, по што пропадна мечот со ЕЏ. ВАДА нема овластувања да казнува, туку само прави тестови, што значи дека Атлетска комисија на Њујорк треба да го казни „Големото бебе/Big Baby“. Сепак, итрината ќе го спаси Милер, бидејќи му е истечена лиценцата, Комисијата не може да презема мерки.

Во моментов е слободен и може да се лиценцира каде што ќе побара, а Комисијата на државата, во кој ќе бара лиценца, ќе одлучи дали да го лиценцира. Во моментов може да добие казна од ВБЦ, ВБА, ИБФ и ВБО, а тоа подразбира отстарнување од нивните ранг лсити. Сепак, тие не можат да му забранат да боксира. Милер ќе заработеше 6,5 милиони долари од битката со Џошуа, но тоа пропадна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО