Енди Руиз е следниот противник на Џошуа

Енди Руиз Јуниор ќе биде следниот ривал на на Ентони Џошуа, соопштува „Ивнинг стандард“. Тие ќе се сретнат во супертешка категорија.

Според информациите, промоторот на Џошуа Еди Херн во моментов води интензивни преговори со претставниците на Американецот. Се верува дека двете страни се многу блиску до постигнување на договор за меч.

Енди Руиз има 32 победи и 1 пораз во професионалниот ринг, при што 21 победа се со нокаут. Џошуа ги држи појасите на ВБА, ВБО и ИБФ и сеуште не знае што е пораз – 22 победи, 21 со нокаут.

Ентони Џошуа требаше да се бори со Џарел Милер на 1 јуни, но поради неверојатните три позитивни допинг примероци на „Големото бебе“ дуелот пропадна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО